Христоски: Ова до сега не се има случено, ниту еден амандман во буџетот од страна на ДПМНЕ не е прифатен за општина Крушево

845

Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски преку социјалните мрежи реагираше на крајно чудната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои направија историски преседан, откако ниту еден амандман во буџетот од нивна страна не е прифатен за општина Крушево.

-Ниту еден амандман во буџетот од страна на ДПМНЕ и мнозинството во Собранието не е прифатен за општина Крушево.

Ова до сега не се има случено!!!

Горди ли сте кога ќе се појавиме сите на 1-ви август, се повикуваме на Устав, историја, патриотизам, Крушевска Република, инфраструктура, туризам…

Ние продолжуваме да градиме општина за сите, препознатлива, посакувана и привлечна општина која се гради и развива секој ден, а Вие останете горди какви што сте!, пишува Христоски.

Претходна вестСе огласи Артан Груби и соопшти дека се повлекува од јавниот живот: Чист сум како солза
Следна вестУрош уби 9 млади лица и рани 12: Осуден е само на 20 години затвор – сега има 22, на 42 ќе биде на слобода