Христијан Мицкоски откри што прво ќе направи како нов премиер

130

Новиот премиер Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите откри што прво ќе направи како нов премиер.

Тој откри дека ќе работат на законско решение за зголемување на пензиите.

„Започнуваме да работиме на новото законско решение за зголемување на пензиите на пензионерите, она кое што го ветивме во предизборието. Во првата година да имаме линеарно зголемување за секој еден пензионер од 5 илјади денари“, рече Мицкоски.

Инаку до крајот на неделата се очекува и првата седница на владата, на која, според најавите, ќе има неколку формални одлуки.

претходниот член,Силно невреме во Прилеп: Пороен дожд, грмежи и град
Следната статијаСамка Ибраимовски е пријавен дека им се заканувал на уставните судии – тој негира такво нешто