Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска кога возило кое учествувало на рели трка во Унгарија излетало од патот и налетало на гледачите.
Полицијата соопшти дека загинале четири лица. Унгарските медиуми објавија дека меѓу загинатите има и девојче, а најмалку седум лица се повредени. Несреќата се случила меѓу градовите Лабатлан и Бајот на северот на Унгарија.
Засега не е познато зошто возилото излетало од патот и налетало на гледачите.
На местото на несреќата се испратени амбулантни возила и неколку спасувачки хеликоптери.
Релито беше прекинато по несреќата.