Херој во Македонија, а почива како незнаен јунак во туѓина – тажната судбина на Пепи Бафтировски

850

Тажната животна судбина. Многумина и не ја знаат…

Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите и најпочитувани фолк пејачи на македонската естрада.

Својата најголема популарност ја стекна со песната Сине мој, снимена на почетокот од деведесеттите години, по неговото враќање од печалба во САД.

Иако уживаше огромна слава и љубов од публиката, Пепи често зборуваше дека не е задоволен од односот на естрадните кругови во Македонија. Поради тоа, реши повторно да замине преку океанот, овојпат заедно со сопругата Ава Керш и нивните деца – Марина и Емил.

Во Америка се преселија во 2003 година, со надеж дека ќе започнат нов, посмирен живот. Но по неколку години, нивниот брак заврши во 2007 година, а не долго потоа, на пејачот му беше дијагностицирана тешка болест.

По кратка, но жестока борба, Пепи Бафтировски почина во 2008 година, на 66-годишна возраст – само пет години по повторното доаѓање во Америка.

Пријателите сведочат дека последните години од животот ги минал во осаменост, ретко комуницирајќи со луѓето од своето опкружување. По разделбата со сопругата, живеел сам, а кога му бил откриен рак на белите дробови и бил хоспитализиран, неговите пријатели во САД преку интернет собирале средства за да му овозможат да се врати во Македонија – желба која, за жал, не ја дочекал да се исполни.

Зад себе остави богата музичка оставнина и бројни хитови што и денес се слушаат – меѓу нив, Ако згрешам нека изгорам, Друга љубов не сакам, Заветна и Сине мој. Неговата најуспешна фаза на кариерата започна кон крајот на осумдесеттите години, по враќањето од странство, кога повторно го освои срцето на македонската публика.

Претходна вестПочина Татјана: Лошата вест брзо се прошири на социјалните мрежи – почивај во мир
Следна вестТаткото на загинатата Надица сподели емотивно видео за трагичниот пожар во „Пулс“ – срцето ќе ви го скине