Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола беше презадоволен од настапот на напаѓачот Ерлинг Халанд, кој реализираше уште еден хет-трик, овој пат против Вест хем.
Норвежанецот изгледа незапирливо од почетокот на сезоната и Гвардиола верува дека дефанзивците не можат да го спречат дури и со наполнет пиштол.
– Тој прави сè многу подобро од порано. По секој тренинг остануваат 20-30 минути. Минатата сезона не можеше да направи такво нешто бидејќи не се чувствуваше добро – беше уморен. Му требаат уште топки во последната третина и ние ќе му ги обезбедиме тие ситуации. Тој е незапирлив. Ниту еден централен дефанзивец не може да го запре, дури и ако му вперат наполнет пиштол – рече Гвардиола.
Моментно Норвежанецот Халанд е на првата позиција на листата најдобри стрелци во Премиер лигата со седум голови.
Минатата сезона Халанд во премиерлигашкото натпреварување беше најефикасен со 27 погодоци од кои седум беа реализирани од пенал.