Гризман останува во Атлетико Мадрид до 2027 година

153

Францускиот интернационалец Антоан Гризман стави крај на шпекулациите за негова можна преселба летово, откако одлучи да ја продолжи соработката со Атлетико Мадрид. Иако имаше понуди од МЛС – лигата и од клубови од Саудиска Арабија, 33-годишниот напаѓач останува верен на клубот на Диего Симеоне.

Гризман се согласил на намалување на платата, која досега изнесуваше 8 милиони евра годишно, а со новиот договор ќе остане на „Ванда Метрополитано“ до 2027 година.

Во сезоната 2024/25, Гризман постигна 16 голови и забележа девет асистенции во сите натпреварувања, продолжувајќи да биде клучен играч во системот на Симеоне. Со тоа, неговиот биланс во црвено-белиот дрес се искачи на вкупно 197 голови и 93 асистенции – бројки кои го вбројуваат меѓу најголемите легенди во историјата на клубот.

Претходна вестДКСК ќе покрене кривично гонење на јавно комунално претпријатие поради незаконски јавни набавки
Следна вестГоце Георгиевски: Не чека уште потежок меч, играме пред нашите навивачи – сакаме да ја вратиме титулата!