Градоначалникот на Кочани, Папазов и директорката на комуналното ќе добијат кривична – следува и протест

1501

Граѓанската иницијатива ќе поднесе кривични пријави против директорката на КЈП Водовод, градоначалникот Љупчо Папазов и овластените комунални инспектори Ристо Николов и Александар Велков.

Причина за кривичните пријави е грубото кршење на волјата на граѓаните сублимирана во едногласна одлука на Советот на општина Кочани дека на градската депонија во Кочани не смее да се исфрла ѓубрето од другите општини.

Градоначалникот и директорката ги имаат пречекорено службените овластувања и ја имаат злоупотребено функцијата кога дозволиле дејства спротивни на одлуката на Советот на општина Кочани, а комуналните инспектори несовесно ја извршувале, односно не ја извршиле својата работа.

Во врска со овие случувања на јавноста и’ се наметнуваат бројни прашања на кои градоначалникот и другите надлежни се должни да одговорат:
1. Дали и кога градоначалникот има потпишано меморандум за преземање отпад од соседните општини што е спротивно од едногласно донесената одлуката на Советот на општина Кочани?

2. По чие барање и врз основа на кој закон соседните општини доаѓаат со полициска придружба до депонијата која што е во владение на општина Кочани, а дадена на управување на КЈП ВОДОВОД?

3. Дали и по кој закон директорката е должна да постапува по неосновани УСНИ наредби?

Со цел да го искажеме револтот поради непочитувањето на одлуката на Советот на Кочани, а со тоа и крајното непочитување кон граѓаните на Кочани, освен кривичните пријави најавуваме и протест. Истиот ќе се одржи во понеделник, 23.12.2024 година од 13-15ч со блокирање на сообраќајот кај кружниот тек кај ООУ “Кирил и Методиј”.

Претходна вестНад 160 вработени во „Водовод“ работеле на дефектот на главниот цевковод во Скопје
Следна вестНапаѓачот во Загреб можеби нема да заврши во затвор – родителите на децата бесни: Како е можно ова?