Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов најави уште еден круцијален проект за жителите од Удово.
-Започнува изградбата на улица “Поројска” во Удово. Улицата ќе биде со просечна ширина од 4.5 метри, должина 370 метри, со предвидено решавање на атмосферските води.
-Продолжуваме со изградбата на нова патна инфраструктура во сите населени места од општина Валандово, објави Костадинов.