Голема трагедија: 12-годишно дете испило отров мислејќи дека е сок

6110

Според неофицијални информации, момчето им помагало на родителите. Кога ожеднело, зело пластично шише мислејќи дека во него има сок, но всушност станувало збор за отровен раствор наменет за прскање на овоштарникот против корови.

Голема трагедија го потресе селото Трешњевица во близина на Ивањица, Србија, каде 12-годишно момче го загуби животот откако случајно испило отровна течност.

Се наведува дека испило само неколку голтки и не им кажало веднаш на родителите, мислејќи дека нема да има последици. Набрзо му се влошила состојбата, по што бил итно пренесен во болница, а потоа и во Белград.

И покрај напорите на лекарите, за жал, на детето не му било спас.

Мештаните велат дека станува збор за вредно и чесно семејство и дека ваква трагедија не се памети во нивното место.

Претходна вестСе враќа зимата – на планините ќе падне до еден метар снег
Следна вестТешка сообраќајна несреќа – младо момче итно пренесено во болница