Седумдесет и четиригодишна жена почина додека пливала во море на Халкидики.
Капетанијата на пристаништата Неа Мудања е известена дека постара жена е извлечена во бесознание од плажата Полихроно во општина Касандра.
Брза помош ја пренела жената во здравствен дом каде била констатирана смрт.
Нејзиното тело ќе биде пренесено на обдукција во Солун.