Голема трагедија: Загина 19-годишно момче во тешка сообраќајна несреќа

1191

Голема трагедија ја потресе Македонија. Веста која цел ден се споделува со шок и неверување.

На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с.Велешта, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестПретреси во Берово и Виница, пронајдена дрога
Следна вестШто се случува со младите: Малолетници нападнале и претепале маж