Голема трагедија: Младиот Антонио несреќно го загуби животот

Тажна вест ја потресе македонската спортска јавност. Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во текот на ноќта на патниот правец Кичево–Охрид, животот го загуби 33-годишниот охридски кошаркарски тренер Антонио Савевски.

Савевски беше познат во македонските кошаркарски кругови, особено по својата посветеност на работата со младинските категории. Со години бил активен во развојот на млади кошаркари и оставил свој белег преку тренерската работа со најмладите.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 23 часот. Возилото „Хјундаи“, со охридски регистарски ознаки, во кое се наоѓал Савевски, најпрво удрило во кучиња скитници.

По ударот, автомобилот излетал од коловозот и удрил во металната заштитна ограда покрај патот. Како последица на несреќата, возилото се запалило, а 33-годишниот тренер го загубил животот.

Зад Антонио Савевски останува долгогодишна посветеност на младинската кошарка. Во текот на својата тренерска кариера бил дел од повеќе клубови и работел со млади категории, меѓу кои „Охрид“, „Вардар“ и „Водно Санс“.

Неговиот последен тренерски ангажман бил во клубот „Ангели“, каде продолжил да работи со младите кошаркари и да го пренесува своето знаење и искуство.

Неговото заминување на само 33 години претставува голема загуба за неговото семејство и блиските, но и за колегите, пријателите и младите спортисти со кои работел низ годините.

Македонската кошаркарска јавност со неверување се прости од млад тренер кој својот професионален пат го посветил на спортот и на развојот на нови генерации кошаркари.

Нека му е вечна слава и почит.

Претходна вестСе тресе цела држава – апсења низ Македонија
Следна вестТешка сообраќајна несреќа – четири лица пренесени во болница