Голема трагедија ја потресе цела Македонија: Двајца сопружници починаа во пожар

4879

Двајца сопружници на постара возраст починале утрово во пожар во запалена куќа на ул. „Херој Карпош“ во Крива Паланка, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи Ве известува дека во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.„Херој Карпош“ во Крива Паланка. Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот е изгаснат во 10:00 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години), информираат од ЦУК.

Претходна вестДрама во Кочани: 5 малолетни лица и 1 возрасно лице заглавени во снегот – бараат итна помош
Следна вестЕуроњуз: Македонија со највисока смртност од аерозагадување во Европа