Полициска акција низ државата поради сомнежи за нелегални медицински третмани.
Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност денеска спроведе координирана акција во рамки на истрага за сомнежи поврзани со нелегални медицински третмани и дистрибуција на нерегистрирани препарати.
Според информациите, акцијата се реализирала на повеќе локации низ државата, со цел разоткривање на мрежи кои, според неофицијални сознанија, вршеле недозволени медицински интервенции и пласирале препарати без соодветна регистрација.
Според неофицијални информации акцијата опфаќа лекари и лица од повеќе здравствени установи, како дерматолози кои работат во ГОБ „8 Септември“, лица од Клиниката за дерматологија и лица од приватен естетски центар.
Засега од надлежните не се соопштуваат детали за идентитетот на лицата опфатени со акцијата, а истрагата е во тек.




