Голем пожар во познат ресторан во Штип

6561

Голем пожар избувна ноќеска во ресторанот „Мал одмор“ во Штип, при што е предизвикана значителна материјална штета. Според првичните информации, нема повредени лица.

На местото на настанот веднаш интервенирала Територијална противпожарна единица Штип со три противпожарни возила и 12 пожарникари, кои успеале да го локализираат огнот.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а се очекува надлежните служби дополнително да ги утврдат околностите.

Претходна вестТатко си го пронајде синот (17) претепан пред зграда – лекарите се борат за неговиот живот
Следна вестКопнена инвазија на Иран во тек