Голем пожар во Грција – се евакуираат туристи и жители на градот

Голем пожар избувна денеска попладне во близина на познатото туристичко место Сивири, сместено на првиот крак Касандра на полустровот Халкидики.

Поради брзото ширење на огнот, грчките власти веднаш реагираа и издадоа итно предупредување преку националниот систем за итни случаи 112.

Преку пораката, на сите жители и туристи кои моментално се наоѓаат во Сивири им е наредено веднаш да го напуштат подрачјето.

Според насоките од надлежните служби, сите лица треба да се упатат кон местото Мола Калива.

Наредбата за евакуација е донесена поради високиот ризик и опасноста огнот дополнително да се прошири.

Борбата со огнената стихија е сериозно отежната поради силниот ветер кој дува во овој дел од полуостровот.

Противпожарните екипи се веќе на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Претходна вестСтрашна бура го погоди овој град во Македонија – падна дрво и фасада врз автомобили