Ѓорѓиевски: Соработката со бизнис-заедницата е клучна за економски раст

112

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Нухиу Алиу, на која главна тема беше унапредувањето на бизнис-климата и создавањето услови за нови инвестиции.

На средбата, двете страни ја нагласија важноста на стабилната институционална поддршка за стопанството, како и потребата од заеднички напори за развој на претпријатијата. Ѓорѓиевски истакна дека партнерството меѓу локалните самоуправи и бизнис-заедницата е од суштинско значење за економски раст, отворање нови работни места и задржување на младите во Македонија.

„Имаме јасна цел – да обезбедиме услови во кои стопанството ќе напредува, а новите идеи и инвестиции ќе наоѓаат плодна почва“, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека преку соработката со Стопанската комора на Северо-Западна Македонија може да се постигне значителен исчекор во создавањето современа и конкурентна деловна средина.

Претходна вестПетгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола
Следна вестПожарот во тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ