Ѓорѓе Давид му е само уметничко име: Познат е вистинскиот идентитет на пејачот кој се врати во Србија по несреќата во Македонија

338

Несреќата која ги потресе сите, веројатно добива разврска. Ѓорѓе Давид, сепак заминал од Македонија во родната Србија. Добил дозвола од Судот, а во продолжение ќе дознаете зошто, но и кое е неговото вистинско име.

Познатиот српски музичар и актер Ѓорге Давид ја напушти Македонија и најави дека во Белград ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за сообраќајната несреќа во која што и тој беше вклучан, а што се случи во близината на граничниот премин Табановце, кога една жена загина.

Во несреќата загина 49-годишна жена кога по судир на нејзиното и друго возило, таа излегла од својот автомобил, а по автопатот наишло возилото на Ѓорѓе Давид кое удрило во жената.

Тој беше задржан од македонските власти до расчистување на случајот, а самиот имаше дадено изјава дека станува збор за несреќен случај, за судир на две возила во услови на магла и неочекувано движење на жената по автопатот. Рече и дека возел со дозволена брзина и дека немал во себе алкохол или недозволени средства.

Медиумите во Србија објавуваат дека поради несреќата во Македонија сега многумина дознаа дека познатиот пејач се презива Николиќ, а не Давид кое му е уметничко име.

Пејачот беше и член на некогаш познатата рок-група Генерација 5, а потоа се посвети на своја рокерска кариера, како и на филмски улоги, додека многумина го препознаваат како член на жири на шоу за избор на таленти.

Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.

Претходна вестВучиќ со важна порака до целиот македонски народ: Една работа е најважна
Следна вестМлада битолчанка тешко повредена: Со автомобилот излетала – ова се деталите