Гитаристот на ДНК брутално искрен: Колеги убаво што ги пеете песните на ДНК, а кај бевте вчера на маршот?

469

Тагата и спомените повторно оживеаја во саботата, кога Скопје го исполнија чекорите на стотици граѓани кои учествуваа на „Маршот на ангелите“ – собир во чест на младите животи згаснати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Меѓу присутните беше и Горан Тонев, гитарист на групата ДНК и еден од преживеаните од трагичната ноќ што засекогаш го промени неговиот живот. Тој го помина маршот тивко и достоинствено, а подоцна се огласи со порака што брзо се прошири и силно одекна во музичките кругови.

„Колеги, убаво што ги пеете песните на ДНК. А кај бевте на Маршот?“ — напиша Горан во Инстаграм стори.

Во тие неколку зборови тој ја пренесе целата болка, но и желбата трагедијата да не биде заборавена. Да не остане само тема за песни, статуси или интервјуа, туку да стане потсетник за солидарност, човечност и поддршка – особено во моменти кога најважно е да се биде до оние што страдаат.

Маршот во саботата помина во тишина што зборуваше повеќе од зборови. Семејства, пријатели и граѓани чекореа заедно, како симболично да го продолжуваат здивот на оние кои повеќе не се меѓу живите.

Инаку, судскиот процес за трагедијата треба да започне на 19 ноември, кога ќе се одржи првото рочиште.

Претходна вестСДСМ го исклучува од членство советникот од општина Карпош
Следна вестГолем проблем на небото над Скопје – итно се реагира