(ФОТО) Страотни вести од Германија – 100 патници биле во воз кој изелтал, има загинати и повредени

2574

Неколку лица загинаа, а многу повеќе се повредени откако воз излета од шините во југозападна Германија, соопштија полициски извори. Несреќата се случила во близина на градот Ридлинген во покраината Баден-Виртемберг.

Три лица загинаа, а 34 се повредени, од кои тројца потешко, соопштија службите за итни случаи на местото на настанот. Спасувачките екипи се испратени на местото на настанот во планинска и шумска област.

Според информациите објавени од полицијата, возот Regional Express 55, кој се движел кон градот Улм, бил вклучен во несреќата. Првиот повик до службите за итни случаи бил направен во 18:10 часот.

Иако полицијата не можела да потврди дали имало грмотевици на местото во времето на несреќата, тие за германскиот Билд изјавиле дека поширокото подрачје на Улм било погодено од бурата во тој момент. Информациите за бројот на жртви првпат ги објави локалниот весник „Швебише Цајтунг“, повикувајќи се на извештаи од службите за итни случаи.

Претходна вестТргнале на одмор, но не стигнаа до морето: Ова се 22 годишните Бојана и Јелена кои вчера загинаа во страшна трагедија
Следна вест(ФОТО) Од автомобилот не остана ништо – страотна сообраќајна несреќа ја вознемири Македонија