Дискотеката Village во Виена, позната како место каде што често се собира балканската публика, беше зафатена од голем пожар кој избувна во ноќните часови помеѓу понеделник и вторник. Во моментот на настанот локалот бил затворен, што спречило можни жртви или повредени гости.
На местото на пожарот веднаш пристигнале виенските служби за противпожарна заштита.
Во интервенцијата биле ангажирани вкупно 23 возила и 88 пожарникари, кои со часови се бореле со огнените јазици. Благодарение на нивната брза реакција, спречено е ширење на пожарот кон околните објекти.
И покрај вложените напори, конструкцијата на објектот не издржала – делови од кровната конструкција се урнале поради силниот оган и високите температури.
Самата интервенција траела околу осум часа, по што пожарот конечно бил ставен под целосна контрола.
Причините за избувнувањето на огнот засега не се познати, а истрагата ќе продолжи по целосното обезбедување на објектот.



