ФОТО: „Сејф сити“ нема начин да го среди ова – страотни сцени на улиците во Скопје

2867

Денеска околу 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, патничко возило „бмв“ и мотоцикл „сузуки“, управуван од А.К.

Според информацијата, при отворање на предната десна врата од страна на совозачот од патничкото возило „пежо“, Д.О., мотоциклистот паднал на коловозот и удрил во патничкото возило „бмв“.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид, а се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата.

ФОТО: Скопје инфо

Претходна вестШок за 12.000 македонски пензионери – остануваат без очекуваната пензија
Следна вестВелес и Македонија завиени во црно: Голема трагедија ги потресе сите, по трагичното загинување 24-годишно момче