Поранешен пратеник откри дека денес, камерите на „Сејф сити“ дури три пати го фатиле како ги прекршува праивлата. Како што додаде самиот тој, МВР мора да размисли дали тоа е во ред.
Станува збор за претседателот на ПОЕН, Рубин Земон, кој во минатото беше и пратеник во Собранието на Македонија. Еве што кажа тој за новите казни.
Господа од МВР време и вие малку да мислите на граѓаните. Направите “зелен бран” на Партизанска за да можи со брзина од 40 км/ час да се поминат барем 5-7 раскрсници, а не од едниот до другиот крај на Сити Мол да фаќаме “црвен бран”.
Денес ми дојдоа 3 опомени од Safe City, за возење со 51, 54 и 56 км/час. Ајде ова 56 и можеби е прекршок, ама 51 и 54!!!!
Ова 56 е поради стигање на “зелено”, а овие 51 и 54 воопшто и не знам! Ќе треба и брзинометрите да ги бажираме.
Слушам денес имало над 60 илјади прекршувања до 15 часот! Сигурно 2/3 се со под 55 км/час. Ќе биде “урнебес”!
Веста може да ја прочитате и со клик ОВДЕ.



