Затворен за сообраќај патот Македонска Каменица- Делчево поради сообраќајна несреќа.
Денеска (24.10.2025) околу 12:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица- Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа.
Се судриле товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х. Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П. и патничко возило „фиат“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од М.С..
Во сообраќајната несреќа нема повредени лица, а патот Македонска Каменица – Делчево е затворен за сообраќај во двата правца, а возилата се пренасочуваат по околните патишта.
На терен излегол и јавен обвинител.
По собирање на докази, истрагата ќе продолжи.
Од МВР повеќе детали најавија во текот на денот.



