Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ е еден од најбараните и најпопуларните пејачи на фолк музика во Македонија, но и надвор. Дијаспората постојано го бара, Македонците кои живеат во земјите ширум светот уживаат во неговата музика.
За успех во музичката кариера исклучително важно за секој музичар е партнерот да има разбирање за професијата која носи многу отсуства од дома. Ѓоко такво нешто пронашол кај сопругата Ивана со која имаат четири деца.
Неодамна ја заврши својата турнеја во Америка и на Македонците таму им приреди навистина добра забава која долго ќе ја паметат. Пред да замине Јовиќ се поднови со ново возило, Мерцедес ГЛЕ 350д во бела боја со вредност од 35.000 евра.
Ѓоко важи за пејач кој умее да направи незаборвна атмосфера на своите свирки кои подоцна со денови се прераскажуваат.
Така беше и викендов кога Ѓоко заедно со неговиот бенд ги развеселуваа гостите на македонска свадба, а според она што го сподели на социјалните мрежи се гледа дека навистина убаво си поминале.
Покрај неизбежната весела атмосфера интересно да се види беше тоа што толку многу го опсипуваа со бакшиш во различни валути што едвај имаше каде да ги стави.