Вечерва се случи сообраќајна несреќа во која автомобил заврши превртен на кровот.
Несреќата се случила на обиколницата на Нови Сад во близина на Аптив, кај кружниот тек, во соседна Србија.
Според српските медиуми, возачот бил под дејство на алкохол, нивото на алкохол во крвта му било 1,18 промили.
Засега не е познато дали има повредени.
На терен излегле и јавен обвинител, како и голем број на полиција и здравствени работници.
Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.




