Една од најубавите жени во Македонија наполни 50 години. Нека и е среќен роденденот!
Светлана Црноркак го прослави својот 50. роденден Поранешната манекенка и сопственичка на модно студио, Светлана Црнокрак, имаше убава причина за славење.
Таа го прослави својот јубилеен 50. роденден, така што доби бројни честитки од пријателите и фановите.
Секако меѓу првите и честитаа нејзините ќерки, но и сопругот кој сподели и една нивна стара заедничка фотографија.
Светлана потоа сподели и една фотографија од прославата, но и од тортата што ја доби како изненадување од најблиските.




