Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

185

Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам дека никој не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола“, ова вечерва го кажа д-р Венко Филипче на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Неготино.

Филипче како носител на листата на пратеници во ИЕ 4 пред граѓаните во Неготино исто така рече дека намерите СДСМ да биде поделена е маска зад која се крие награда за ВМРО-ДПМНЕ.
„Ве повикувам да им спротивставиме на оние кои очигледно сакаат СДСМ да биде поделена. Нека не ве лажат кога ви кажуваат дека глас за ЗНАМ е глас за социјалдемократска партија. Или дека пак тоа не е против СДСМ. Така лажеа пред првиот круг, така веќе не можат да лажат. Последниве 2 дена паднаа маските и станува јасно дека глас за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ. На тој начин не се казнува СДСМ, само се наградува ВМРО-ДПМНЕ. Да владее без контрола и без разум“, рече Филипче.

Тој исто така потенцираше дека силно верува дека никој не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола.

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам дека никој не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола. Сите ние знаеме добро што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ е без контрола: стануваат насилни, владеат со страв и уцени, ги користат новите партии како ЗНАМ и ги елиминираат кога веќе не им се потребни. Одговорни сме тоа да го спречиме“, рече Филипче во Неготино.

Претходна вестКовачевски: Али Ахмети прави грешка со скандирањата УЧК, тоа никому не носи добро
Следна вестУживајте додека можете: Денес сонце, ама за први мај – дожд и грмежи