„Она што нас социјалдемократите не прави различни од ВМРО-ДПМНЕ, посебни и вредни како луѓе се единството, солидарноста, праведноста и подадената рака. И само ако се водиме од овие принципи, ќе успееме во нашата борба за нашиот дом, во борбата да ја вратиме државата на вистинскиот пат, да имаме општество во кое сите ќе имаат еднакви шанси и можности, но и обврски”, порача Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Радовиш, потенцирајќи дека е време Радовиш да го водат луѓе со план, одговорност и визија.
Филипче истакна дека СДСМ секогаш ја бранеше државата како дом за сите, не како лична сопственост на некои.
„Денес, кога државата се соочува со политички поделби, со лажна реторика и манипулации, нашата борба е за враќање на достоинството, правдата и вербата во институциите”, нагласи д-р Филипче.
Лидерот на СДСМ во своето обраќање нагласи дека лошите политики на власта на ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво ја вратија 100 години државата назад, а во општините гледаат тендери и бизнис интереси, и тоа веќе не смее да продолжи.
„За четири години ВМРО-ДПМНЕ општините си ги присвоија како нивни лични гранапчиња за бизнис, а на централно ниво државата ја вратија 100 чекори назад”, порача д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“, која се одржа вечерва во Радовиш.
