ФФМ одлучи: Поради непочитувањето на минута молк за настраданите во Кочани, виновен е – делегатот

348

Виновен е еден човек, и тоа делегатот?! Според казните, тоа може да се заклучи…

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за скандалозното однесување на навивачите на Шкендија во натпреварот против Брера кога не беше испочитувана минутата молк во чест на жрвтите во трагедијата во Кочани.

Шкендија ќе мора во следните пет домашни натпревари да игра без публика, а тоа значи дека и до крајот на актуелната сезона во Тетово нема да има публика.

Исто така тетовскиот клуб ќе мора да плати и парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација.

Делегатот на натпреварот Гоце Шопоски доби суспензија од шест месеци за извршување било каква функција во фудбалот.

Шкендија доби и автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.

Претходна вестГТЦ пропаѓа: Дуќани се изнајмуваат и за нула денари
Следна вестМајка на маршот во Кочани: Едно прашање, кој го уби мојот ангел, кој го уби мојот херој, кој ги пеплоса тие ангелски лица?