Елиф Елмас во најдобриот тим за 28.коло на Серија А

154

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во најдобриот тим за 28. коло во италијанската Серија А. „Дијамантот“ повеќе од заслужено обезбеди место во ова друштво, затоа што повторно блесна на мечот во Парма каде го отвори резултатот во деветнаесеттата минута.

Елмас прикажува извонредни партии откако пристигна во Торини и досега постигна три гола на четири натпревари, со што најавува дека враќањето во Италија за него е полн погодок.

Друштво во идеалниот тим му прават Голманот Раду (Венеција), Валери (Парма), Бириндели (Mонца) и Запакоста (Аталанта) во одбраната, Пулишиќ (Милан), Де Рон (Аталанта) и Чалханоглу (Интер) во средината, а во нападот се Лукаку (Наполи), Крстовиќ (Лече) и Пелегрино (Парма).

Претходна вестКамион се преврте и падна во дол кај Плетвар – спасени возачот и совозачот
Следна вестГоран Станиќ го објави списокот на младата репрезентација за контролните средби со Белорусија и со Азербејџан