Експресно брзо – денес донесена конечна одлука: Васил Јованов осуден 3 години и 10 месеци затвор за дрогата

3290

Возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулаков oсуден е на три години и десет месеци затвор за дрогата со која бил фатен пред да се случи сообраќајката. Oдлуката ја донесе Апелациониот суд на нејавна седница на 5 февруари, а денес е објавена.

-Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Претходна вестИнспектор ме испрати во станот на таткото на Вања да проверам дали девојчето е сокриено во плакар, сведочи Трајковски
Следна вестГоце: Ситроенот со кој беше киднапирана Вања веднаш ми беше сомнителен – еве зошто