Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени денеска во експлозија во трговскиот центар „Дадонг“ во градот Шенјанг, Кина, објави „ЕурАзија дејли“.
Експлозијата се случи во трговски центар каде пред три дена кинескиот претседател Си Џинпинг им го честиташе на Кинезите претстојниот пролетен фестивал.
Причината за експлозијата се уште не е позната, но можни причини вклучуваат експлозија на плинска боца или терористички напад.
Експлозијата се случила во момент кога во трговскиот центар имало голем број луѓе.
На интернет се објавени голем број видеа од експлозијата.