Тамара Тодевска уште од претходно споделуваше фотографии со својата нова љубов.
Александар Димитровски, добро познат на многумина под прекарот Мачка, продолжи со животот по разводот од пејачката Тамара Тодевска. Откако пејачката прва отворено ја призна врската со архитектот Лука Радовиќ, на социјалните мрежи осамнаа фотографии од Мачка и згодната кошаркарка и фитнес моделка, Едина Муса.
Мачка и Едина заедно ја прославија Новата година и за нив се зборува дека се новата македонска двојка. Муса на својот профил објави и заедничка фотографија од родниот град на Димитровски, Гевгелија, а потоа и од кошаркарски натпревар во Србија.
„Нема потреба за опис“, напиша Муса во описот на фотографијата.
Во ноември минатата година осамна веста дека Тамара и Мачка се разведуваат откако летото истата година прославија 7 години брак, а Едина пак, во 2020 година ја прекина врската со фитнес тренерот и модел Серџо Спасов.