Екс потпретседателот на СДСМ, Јовановски: Граѓаните го очекуваа ова од МВР, треба да продолжи

1833

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, преку својот Фејсбук статус го истакна своето задоволство од актуелните активности на Министерството за внатрешни работи, кои доминираат во вестите на македонските телевизии.

Вечерва, најголем дел од вестите на сите телевизии отпаѓа на изјави и вести за преземени активности на Министерството за внатрешни работи. Мислам дека тоа е тоа што го очекуваше и за што гласаше огромно мнозинство граѓани во земјава. И ова треба да продолжи, напиша Јовановски.

Со ова, тој даде поддршка на актуелните мерки и потези на МВР, потенцирајќи ја важноста од нивното континуирано спроведување за одговор на очекувањата на граѓаните.

Претходна вестБундестагот му изгласа недоверба на канцеларот Шолц
Следна вестПОЈАСНУВАЊЕ: Екс премиерот Ковачевски и генералниот секретар Димовски сепак не се опфатени со истрагата за „Лотарија“