ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА – во пожарите кои ја зафатија Македонија, лошата вест ја потврди и ЦУК

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Ранковце пронашле настрадано лице при гаснењето на пожар на отворено при интервенција синоќа во атарот на с. Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари.

Настраданото повозрасно лице го загубило животот најверојатно заради гушење од чад.

На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа.

Од десетина пожари на отворено во последното деноноќие како активни се три: над с. Лешница (Општина Желино), пожарот на панината Жеден и шумски пожар во атарот на с. Јамиште (Општина Пробиштип).

Претходна вестНема играчка со грипот – Епидемија во Скопје решение на проблемот: Се огласи и доктор Лазаров
Следна вестЛевица откри: ОВА е нашиот кандидат за претседател на државата