Едно лице почина, пет лица се борат за живот – прогласена епидемија од западнонилска треска во 4 скопски општини

Еден заболен пациент почина.

Тој имал 83 година и според здравствените власти имал повеќе коморбидитети.

Пет пациенти кои се примени на Инфективната клиника се во критична состојба и се на механичка вентилација.

Здравствените власти прогласија епидемија од западнонилска треска во четири скопски општини – Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел.

Според здравствените власти, од почетокот на годината има 24 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се суспектни.

Дваесет се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои пет се во тешка состојба.

Најголем дел од заболените се пензионери.

Претходна вестКлимата може да троши и до три пати повеќе струја – еве на што треба да внимавате!
Следна вестТрагедија ја потресе Македонија: Маж се удави