Соопштение на ХАЛК:
Почитувани пензионери,
Клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки ќе се изврши денес 29.03.2024 и средствата ќе Ви бидат на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје, преку Банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско и мобилно банкарство.
Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија само за клиентите кои имаат дадено согласност за исплата преку пошта.
Клиентите кои се корисници на услугата “Пензија до дома” доставата на пензиите ќе се изврши во Сабота 30.03.2024 год.
Со почит,
Халкбанк АД Скопје