Еден од загинатите во трагедијата во Нови Сад е Македонец – веста ја потврди Вучиќ

913

По повод трагедијата во Нови Сад, во која според досегашните информации загинаа 14 луѓе, кога се урна дел од настрешницата на пероните на Железничката станица, се огласи претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Во име на сите граѓани на нашата земја изразувам сочувство до семејствата и роднините на загинатите во несреќата во Нови Сад“, рече Вучиќ, откривајќи дека еден од загинатите е од Македонија.

– Не снајде голема трагедија. На главната Железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз голем број луѓе. Се уште не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица – осуммина се државјани на Србија, еден е од Македонија. Во име на сите граѓани сакам да изразам сочувство до семејствата и роднините – рече Вучиќ.

На железничката станица во Нови Сад во 11 часот и 50 минути се урна бетонската настрешница на зградата на станицата, додека голем број луѓе стоеја под неа.

Претходна вестЛошо е во Србија, лошо… бројот на загинати се искачи на 13, има и едно 6-годишно дете: ОВА се најновите детали
Следна вестМНР со прва изјава за загинатиот Македонец во Нови Сад: Во контакт сме со македонската амбасада во Србија и српските власти