Еден од нив спие со брат му во кревет, не сме виделе досега такво нешто-нови детали за убијците на Данка

271

Првиот човек на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Цмолиќ изјави дека двајцата работници на ПУК „Водовод“ од почетокот биле сомнителни за полицијата.

Шефот на УКП, Нинослав Чмолиќ, за десетдневната потрага по малата Данка, објасни како напредувала истрагата, како и што се случило кобниот ден.

„Од самиот почеток, насоката на истрагата ја базиравме на овие двајца мажи. Кога ги анализиравме камерите и дневниците, тој ден веднаш имавме информација дека автомобил на „Водовод“ застанал во близина на куќата на девојчето. Тие веднаш ни беа сомнителни, ги легитимиравме, ги интервјуиравме, полиграфски ги тестиравме. Имале одредени реакции, но биле задоцнети реакции бидејќи биле под дејство на алкохол. Потоа ги ослободивме, истрагата ја продолживме и во нивна насока и во други насоки. На нив останал одреден дел од оперативната група“, изјави Цмолиќ.

Како што вели тој, никогаш не сретнале ваков тип на личност. Тој објасни дека и двајцата потекнуваат од сиромашни семејства.

„Еден од нив нема деца, живее со мајка му и брат му, спие со брат му во кревет. Алкохоличари, работат по цел ден. Кај нив не се гледа емпатија.“

Шефот на УКП потоа објасни што се случило кобниот ден. „Излегувале од работа, застанале во близина на куќата, според нивните изјави, да уринираат, тргнале и по некои 30 до 50 метри наводно ја удриле малата Данка. Возачот не ни забележал дека го соборил девојчето, тоа го сфатил дури кога му рекол сопатникот. Веднаш ја ставиле Данка во багажникот, а кога малата Данка се разбудила сопатникот ја задавил .Тоа ни го призна вчера и детално опиша се. Потоа ја фрлиле во депонија. “ изјави Чмолиќ.

Исто така, како што вели, најголем проблем со пронаоѓањето на детето е затоа што и возачот и сопатникот даваат погрешни информации, а се сомнева дека тоа е затоа што сакаат да ја прикријат состојбата на телото на малата Данка. Двегодишното девојче Данка беше убиено истиот ден кога нејзината мајка го пријавила исчезнувањето.

Претходна вестЌе ве скрши на два дела: Емотивна објава на тенисерот Новак Ѓоковиќ за двегодишната Данка
Следна вестИнцидент во автобус на ЈСП: Нападнати малолетници, искршено било и стакло