Две лица се истепале на партиски собир

164

Четириесет и четиригодишен жител на Свети Николе пријавил во полиција дека бил физички нападнат на партиски собир во селото Алгуња.

– На 14.04.2024 во 21.30 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане, Б.Т.(44) од Свети Николе пријавил дека во село Алгуња, општина Старо Нагоричане, додека бил на партиски собир бил физички нападнат од Г.Т. од Свети Николе, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестАПОКАЛИПСА: За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици
Следна вестСтрашна вест ја вознемири државата: Тешко повредено 20-годишно момче откако со „матиз“ излетал од пат