Две лица полесно повредени во сообраќајка после наплатната станица Сопот на автопатот Скопје-Велес

131

Две лица од Прилеп се полесно повредени во денешната сообраќајна несреќа после наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес.

-И двајцата се вон животна опасност и по неколкучасовна опсервација во велешката Општа болница самите побарале и биле пуштени на домашно лекување, информира за МИА МаријаТрајковска, главна сестра на ЈЈУ Општа болница Велес.

Со возило на итна помош претходно биле донесени во Ургентниот центар на велешката болница и им била направена томографија на глава и биле оставени во болница на опсервација.

Претходна вестКосово е моја татковина, порача Гаши
Следна вестЈован Деспотовски oбјави веб страна „Нов почеток“