Две лица загинаа во тешка несреќа на експресниот пат Прилеп – Градско

10257

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила на новиот експресен пат Прилеп – Градско, во близина на клучката за Кавадарци.

Информацијата ја потврдиле од Итната медицинска помош Кавадарци и Територијалната противпожарна единица, кои интервенирале на местото на несреќата.

Според докторот Антоан Паракеов, се работи за директен судир помеѓу две патнички возила.

Во едното возило на самото место загинале маж и жена, додека од другото возило е извлечено тешко повредено лице на 39-годишна возраст од Прилеп.

Повредениот е пренесен во тешка здравствена состојба во Општата болница во Кавадарци, каде му е укажана лекарска помош.

Засега нема официјални информации за причините за несреќата.

Очевидци изјавиле дека екипите на Итната медицинска помош и пожарникарите реагирале брзо и пристигнале на местото на несреќата веднаш по пријавата.

Претходна вестНова драма кај Плуждино: Пожарот повторно се активираше – 1 лице повредено