Две лица загинаа откако автомобил излетал во провалија кај Сињ

Полицијата пријава за возило во провалијата добила во средата, нешто по 19 часот.

Засега не е утврдено кога точно се случила несреќата.

На местото на трагедијата е извршен увид, по чиј завршеток се очекуваат повеќе информации за причините и околностите под кои дошло до излетувањето на возилото.

Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на подрачјето на Сињ, Хрватска, откако нивниот автомобил излетал од државниот пат Д1 во местото Подосоје и завршил во провалија.

Според неофицијални информации, автомобилот имал странски регистарски таблички, најверојатно австриски, а во него се наоѓале две повозрасни лица – возач и сопатничка.

Возилото во провалијата го забележал работник на „Хрватски патишта“ за време на редовна патрола. Провалијата во која паднал автомобилот е длабока неколку метри.

Телата на загинатите се испратени на обдукција, а истрагата треба да утврди како дошло до несреќата. На местото не било пронајдено друго возило, па засега нема индиции дека во несреќата учествувал уште некој.

Претходна вестСреќна вест за овие луѓе: До крајот на месецот очекувајте прилив на пари