Државјанин на Турција пронајден мртов во хотел кај Бит Пазар

137

Во хотел во близина на Бит Пазар вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 07:37 часот бил пронајден починат 44-годишен маж, државјанин на Република Турција.

Оттаму додадоа дека од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, информираа од полицијата.

Претходна вестAA: Во Собрание се потврди, оваа Влада нема легитимитет и е моноетничка
Следна вестЗеленски: Русите сега ќе напаѓаат уште пожестоко