ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола соопшти за смртта на нивниот долгогодишен член Драги Гроздановски.
-Изразуваме искрено и длабоко жалење по повод смртта на Драги Гроздановски – член на ВМРО ДПМНЕ и носител на повеќе партиски функции меѓу кои и секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.
Гроздановски исто така беше носител на повеќе јавни функции – пратеник во првиот состав на македонското Собрание, заменик Министер на МВР, директор на Агенцијата за разузнавање, советник и Претседавач со Советот на општина Битола и директор на КЈП “Нискоградба”.
Нека му е вечна слава.
Сочувство до семејството и пријателите.




