Долг судски ден за Рамиз Мерко

56

Маратонски ден за Рамис Мерко, во струшкиот основен суд. Тој денес работниот ден го помина соочувајки се со обиненијата против него за вкупно сеудум предмети, кои се одржаа во четири одделни рочишта денес. Екс министерот за образование и близок соработник на Мерко, Јетон Шаќири, кој се појави како сведок во случаите со незаконското поставување на директори во неколку oсновни училишта во Струга и струшко, рече дека немал никакви информации додека бил министер за начинот како се поставувале директори. Станува збор за училиштата во селата Подгорци, Лабуништа, Радолишта и Браќа Миладиновци.

„До мене не е доставен предлог извештај од страна на Секторот за основно образование за конкретните ситуации. Тоа оди комуникација помеѓу Просветен инспекторат, кабинет, одговорни правни служби, но не се доставени предлози„, рече Јетон Шаќири- поранешен министер за образование.

За незаконското поставување на директор во основното училиште во селото Велешта, се води посебен предмет, каде покрај Мерко обвинети се уште четири други лица, за злоупотреба на службената положба и фалсификување на документи. Одбраната на Мерко побара дополнително да бидат сослушани 117 сведоци, но судијата го одби ваквиот предлог, и дозволи следното рочиште да биде сослушан само претседателот на училишниот одбор.

„Сметам дека е преобемна листа на докази и дека можеме да се задржиме на овие кои веќе ги изведовме за да можеме да донесеме конечна одлука по предметот“, рече Јордан Јованов-судија.

Судскиот процес, кој се однесува на незаконската набавка на службеното луксузно возило ауди А6 од 67 илјади евра во време кога Општината имала блокирана сметка, беше одложено и ќе почне од почеток.

„Со оглед дека колешката замина, сите предмети и тие кои беа нејзини доаѓаат кај мене и кога се променува судечкиот судија предметите почнуваат одново. Таму треба најпрво да се одлучува за докази, има листа на докази, имаше некои спорни околности кои треба да се разрешат, но тоа ќе го видиме дирекно на самата расправа„, рече Јордан Јованов-судија.

Денес почна и судскиот процес, во кој Мерко е обвинет за поставување на спорна табла на зградата на Општината. Според Основното јавно обвинителство, тој во март минатата година, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда,со кое поттикнал етничка омраза. Мерко се изјасни за невин.

„Не се чуствувам виновен“, рече Рамис Мерко-градоначалник на Струга.

Како сведок се појави и заменик министерот за правда, кој е од Струга, Ален Деребан.

„Ние тоа шпто го очекуваме и делумно го издејствувавме, беше отстранување на таа спомен плоча.Меѓутоа очекувам дека судот врз основа на доказите со кои располага ќе донесе осудителна пресуда со која и во идинина ќе се спречи оваа пракса за поставување на спомен плочи од контроверзни личности од историјата и споменици со кои се задира во уставниот поредок на Република Македонија“, нагласи Ален Деребан-заменик министер за правда.

Инаку на Мерко веќе му е одземене пасошот од страна на судот, поради опасност од бегство.Против него во моментот активни се 9 судски процеси.Одбраната на Мерко, веќе се изјасни дека нивниот клиент не е виновен по ниту едно дело кое му се става на товар.

Претходна вестСтраотни сцени во моментот – автомобил преполовен, опасна сообраќајна несреќа
Следна вест24-годишен маж силувал малолетничка од валандовско