Голема полициска акција е во тек кај Амбасадата на Израел во Стокхолм, Шведска откако се слушнала силна експлозија.
-Во реонот се слушна експлозија, а ние сме таму и проверуваме – изјавила портпаролката на локалната полиција Надја Нортон.
Според локалните медиуми, полицијата пронашла оружје и чаура. Полицијата се сомнева дека дошло до пукање. Најмалку десет полициски автомобили се на местото на настанот, а областа сега е опколена и кучињата ја пребаруваат областа.
-Постои квалификација за кривично дело, но во овој момент не сакаме да го откриеме – изјавила Нортон.
Засега не е пронајдено ниту едно повредено лице. Од полицијата за „ТВ4 Нихетерн“ соопштиле дека нема опасност за јавноста.
Засега не е пронајдено повредено лице.
„Разговараме со сведоци и ги прегледуваме камерите во областа. Доколку некој видел нешто и сака да сподели со полицијата, ве молиме контактирајте не“, порачала Нортон.
Во текот на годината, неколку пати беше зајакната безбедноста околу израелската амбасада.