Поради префрлање на податоците од едeн во друг, нов систем кое го прави Министерството за социјална политика, демографија и млади, лица приматели на социјална заштита се уште го немаат добиено својот надоместок.
Станува збор за приматели на помош за нега од друго лице , надомесотк заради попреченост, надоместок за сметсување во згрижувачко семејство.
Од Министерството за социјална политика, демографија и млади велат дека исплатата на одредени надоместоци ќе се изврши дополнително затоа што се вршат работи кои се од техничка природа, односно се прави миграција на податоците од стар во нов систем. Повикуваат на разбирање.