Доцна синоќа пукање во Скопје – полицијата со детали

172

Доцна синоќа пукање во Скопје – полицијата со детали

Полни раце работа за македонската полиција во текот на викендот. Можеби едно од посериозните настани е пукањето, по кое имало и апсење.

На 26.10.2025 околу 20 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје.

Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот.

„По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.396 од КЗ.“, велат од МВР.

поконкретни детали се очекува од МВР и ОЈО во наредните денови.

Претходна вестПриведен 44-годишник по напад на полиција при незаконски риболов на Црн Дрим
Следна вестАко не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“, најави Кашиковски